Што се случува во Скопје?

недела, 20 декември 2026

  • ОПСТАНОК – THE WORLD OF SURVIVAL. Во природата преживуваат најсилните. Во градот – најснаодливите. А во Македонија, преживуваат тие што тераат на смеење. По 15 години истражување на човечката природа, секојдневните апсурди и балканските услови за преживување, Никола Тодороски со нова, јубилејна стендап експедиција – ОПСТАНОК! Кога животот те удира, грабаш микрофон и тераш така петнаесет години. А за тоа време, развиваш и неверојатна способност да преживееш ситуации во кои нормален човек одамна би побарал евакуација. Од секојдневните катастрофи до семејните екосистеми, од љубовните преживувања до општествените предатори – ова е приказна за еден вид кој одбива да исчезне. 15 години на сцена, сè уште жив, сè уште недозборен. И сè уште не му е јасно како. ОПСТАНОК – затоа што преживувањето е инстинкт, а смеењето е единствената одбрана! Театар Комедија – Скопје Никола Тодороски 20.12.2026 | 21:00 Производот е со географско потекло – органско охридско!

    ЛОКАЦИЈА: Театар Комедија · ЦентарНасоки ↗Билети ↗tix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани