Избери јазик · Choose language
Последна промена: 13 август 2026
Happens е мал тим зад жив дашборд. Најбрзо ќе нè најдеш на Инстаграм — пиши порака и одговараме штом можеме.
За прашања, предлози или проблем со сајтот, пиши ни директна порака на Инстаграм — тоа е нашиот канал за поддршка.
Организираш настан во Скопје? Прати го преку формата „Додај настан“ — по кратка модерација излегува на таблата.
Ако твој настан е прикажан погрешно или сакаш да го тргнеме, јави се и ќе го средиме.
Настаните доаѓаат од јавни извори и се освежуваат повеќе пати дневно, но термин, цена или сала се менуваат кај организаторот. Забележа грешка кај настан или место? Пиши ни — точна табла е целата поента.
Таблата е достапна и како MCP конектор: во Claude (Settings → Connectors) или ChatGPT (Settings → Apps, Developer mode) додај https://happens.mk/mcp и прашај што се случува вечерва.
Барања поврзани со лични податоци — пристап, исправка, бришење — одат преку истиот канал. Што собираме (и што не) пишува на страницата за приватност.