Што се случува во Скопје?

среда, 18 ноември 2026

  • Од 18 до 20 ноември 2026 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи второто издание на Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“, во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска. Конференцијата има долгорочна визија да прерасне во редовна и значајна регионална платформа за размена на најновите научни сознанија, клинички искуства, современи практики и информации во областа на аутизмот, поврзувајќи ги професионалците, истражувачите, семејствата и лицата со аутизам. Во текот на трите конференциски дена, програмата ќе се одвива во четири сали – ПЕРСПЕКТИВИ, КАЛЕИДОСКОП, РЕФЛЕКСИЈА и ФОКУС, со повеќе од 50 презентации, панел-дискусии, работилници и интерактивни сесии, со учество на еминентни меѓународни и регионални експерти.

    ЛОКАЦИЈА: Холидеј Ин · ЦентарНасоки ↗Билети ↗tix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани