На 7 ноември, Георги Шарески ќе одржи концерт со авторски композиции — музика која се движи помеѓу џезот, современата композиција и нешто што тешко може да се смести во една категорија. Со својот препознатлив пристап кон гитарата, Шарески ќе настапи заедно со Џијан Емин на клавијатури, Оливер Јосифовски на бас и Александар Петров на тапани. Неговата музика е емотивна, комплексна, непредвидлива, духовита и полна со имагинација — музика која не се обидува да се вклопи во постоечки формули, туку постепено создава свој јазик. Овој концерт е покана да се влезе во тој свет: понекогаш смирен и лирски, понекогаш интензивен и ритмички, а понекогаш едноставно неочекуван. Концертот е подржан од Град Скопје.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум