Што се случува во Скопје?

среда, 30 септември 2026

  • Оваа монодрама почива на една универзална човечка вистина: таму каде што зборовите ги изневерија луѓето и создадоа војни, гестот и крикот стануваат апсолутни. Една актерка оживува четири различни жени — четири поглавја на една историска трагедија и егзистенцијален бунт на Мадам де Помпадур - Вонвременска, хаотична реинкарнација на славната француска куртизана од Париз. Згрозена од геополитичките мировни конференции, историската закрвеност и интелектуалната хипокризија на европските мислители, таа ги прогласува хуманизмот и уметноста за безвредно ѓубре. Во налет на очај, таа се обидува да ја продаде својата душа во дванаесет различни историски изданија (од римско до словенско) на секој кој е подготвен да купи сон. Грета Зонтаг – Руска еврејка и потомка на преживеани од холокаустот во Треблинка и Аушвиц, израсната на бреговите на Сена во Париз. Некогаш сонувала да стане актерка за да ги отелотвори трагичните хероини на руската литература.

    ЛОКАЦИЈА: Јавна соба · ЦентарНасокиБилетиПовеќе инфоtix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани