- 20:00ПОН 16 ноември
Првиот Македонец во вселената
Јавна соба · ЦентарТеатар600 ден.ПромовирајТеатар600 ден.Оваа претстава почна од едно наивно, речиси детско прашање: што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен. Ме интересираше колку лесно како општество се навикнуваме на сопственото намалување. На идејата дека не треба да посакуваме премногу. Дека е опасно да се мисли големо. Дека секој поголем сон мора веднаш да биде исмеан, рационализиран или бирократизиран. Првиот Македонец во вселената не е претстава за вселената. Таа е само најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство — чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Ме интересираше што се случува со човек кој има визија поголема од средината во која се наоѓа.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум