Што се случува во Скопје?

понеделник, 09 ноември 2026

  • „Грета“ Според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете Премиера 7 март, 2022 Македонски народен театар *Награда за најдобра женска улога за Димитрина Мицкоска Трајкоска на Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022 Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто.

    ЛОКАЦИЈА: Јавна соба · ЦентарНасоки ↗Билети ↗Повеќе инфо ↗tix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани