Што се случува во Скопје?

сабота, 24 октомври 2026

  • На 24 октомври, од 11:00 до 12:30, придружете ни се на првата hip-hop работилница за родители и деца во Public Room! 🎶👟 Ја создадовме специјално за вас, бидејќи знаеме дека најдобрите моменти се оние во кои сме заедно! 💕 Ве очекуваат 90 минути музика, движење, нови чекори и многу забава за големи и мали, без разлика на тоа кој колку добро танцува! 😎 Со нас ќе биде Ива Георгиева, танчерка, кореографка и членка на @ground.dot crew. 👧🏻Возраст 7+ години Повеќе за Ива 👩‍💻 Во изминатите години работи како хип-хоп предавач, со деца и почетници, водејќи ги од нивните први танцови чекори до настапи и freestyle сесии. Како кореографка и изведувачка, има соработувано на реклами, музички видеа и сценски настапи со A1 Македонија, ХЕРА, Тиквеш, Geely Македонија, Александар Динев, како и со музичарите Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

    ЛОКАЦИЈА: Јавна соба · ЦентарНасоки ↗Билети ↗Повеќе инфо ↗tix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани