Што се случува во Скопје?

вторник, 29 септември 2026

  • „Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која преку интимната приказна на еден љубовен пар ја отвора болната и актуелна тема на политичката поделеност, егзистенцијалната несигурност и миграцијата. Претставата го следи односот меѓу Марина и Петар – двајца млади луѓе, партнери и идеолошки спротивставени „соборци“, кои по изборите се соочуваат со прашањето: да се остане и трпи или да се замине и започне одново? Низ динамични дијалози исполнети со црн хумор, сарказам и препознатлива балканска реалност, претставата ја расклопува иронијата на патриотизмот, клиентелизмот, партиската припадност и лажните ветувања, поставувајќи ги ликовите меѓу знамето (идентитетот, припадноста) и куферот (заминувањето, надежта за подобар живот).

    ЛОКАЦИЈА: Јавна соба · ЦентарНасокиБилетиПовеќе инфоtix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани