Овој настан веќе помина.
РУИНИ го следи враќањето на режисерката во Македонија, каде што се посветува на обновувањето на модернистички споменик создаден од нејзиниот покоен татко. Некогашен симбол на колективната слобода- денес споменикот е оставен на времето.Обидувајќи се да го врати во живот, таа се соочува и со сопствената загуба на тројца блиски членови на семејството. Преку архивски материјали, лични сеќавања и состојбата на споменикот, филмот го истражува односот меѓу личната тага, исчезнувањето на еден општествен идеал и прашањето што навистина може да се обнови.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум