Центар за Уметност и Слободно Изразување "Вруток" - Скопје, во соработка со Public Room ви претставува: Концерт на македонскиот тенор и вокал на култниот рок бенд „Мизар“ - Нико Ѓоргиевски и пијанистот Симон Облешевски со пијано-вокални интерпретации на репертоар од светската андерграунд рок и алтернативна музичка сцена и изложба на дела од еминентната македонска скулпторка и сликарка Наташа Божарова - авторка на повеќе од 20 јавни дела во Македонија и Италија. Позната по “Просјакот” на ул. Македонија. Оваа уникатна музичка интерпретација опфаќа песни од Led Zeppelin, Rolling Stones, David Bowie, Deep Purple, Metallica, Nirvana, Radiohead, Alice in Chains, Pink Floyd, Pearl Jam, Sound Garden, Audioslave, Queen, Tool, Opeth, Depeche Mode… – бендови и имиња чие творештво оставило силен печат врз развојот на уметникот и претставува инспирација за реализацијата на овој настан.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум