Што се случува во Скопје?

четврток, 08 октомври 2026

  • Концертна промоција на „HOLYMOOD“ – новиот албум НА MAKSIMOVSKI UNITED Public Room, 8ми октомври, 21ч „Holymood“ е најновиот албум на Maksimovski United, бенд кој претставува авторски проект и музичка визија на басистот и автор на музика Џоле Максимовски. Музиката на албумот претставува рефлексија на амбиентот во кој живее и твори авторот. „Holymood“ е чувство, атмосфера и простор каде музиката станува медиум за создавање нова реалност. „Holymood е чувството кое го имаме кога сме на сцена. Тоа е местото каде се обидуваме невидливите ноти да ги материјализираме пред очите на слушателот, тоа чувство на создавање нова и подобра реалност“, вели Максимовски. Воден од оваа идеја, Џоле Максимовски создаде колектив од свои долгогодишни соработници, пријатели и истакнати музичари, кои заеднички го обликуваа звукот на албумот.

    ЛОКАЦИЈА: Јавна соба · ЦентарНасокиБилетиПовеќе инфоtix.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани