Punk’s Not Dead. Владимир Блажевски / Македонија, Србија / 2011 / 100 мин. „Панкот не е мртов“ е црна комедија и патувачки (road movie) филм, чиј наратив се случува на повеќе локации во почетокот на 21 век. Преку реалистичен приказ на панкерската субкултура се отвораат актуелни теми во македонското општество: транзициската реалност, маргинализираноста на субкултурата, меѓуетничките односи, како и однесувањето на претставниците на „меѓународната заедница“.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум