Театарот Улисис, во соработка со Сараевски ратни театар – SARTR и Релстејџ (Realstage), ни ја носи драмата „На чија страна“ на славниот британски драмски писател и сценарист Роналд Харвуд, во режија на Ленка Удовички. Роналд Харвуд започнува да пишува во раните шеесетти години, а својот прв голем успех го постигнува со драмата „Гардеробер“. Светската слава му ја носи сценариото за филмот „Пијанист“, за кое во 2002 година е награден со Оскар. ЗА ПРЕТСТАВАТА Берлин, 1946 година. Канцеларијата на мајорот Арнолд „е остров опкружен со урнатините на градот срамнет со земја од сојузничките бомби“. Пред истражителот во процесот на денацификација стои Вилхелм Фуртвенглер, еден од најголемите диригенти на XX век. Меѓу нив нема едноставна вистина. Речиси три децении поминаа од првата средба на режисерката Ленка Удовички со драмата „На чија страна“ на Роналд Харвуд – во 1998 година, на сцената на Атеље 212 во Белград.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум