Што се случува во Скопје?

сабота, 07 ноември 2026

  • Вреди ли да се даде животот за една идеја, без разлика колку таа е поврзана со националната, патриотската, револуционерната или која било друга идеолошка чест? Тоа е централното прашање што го поставува оваа необична колаж – драма, составена од шест драматични слики од различни историски епохи во кои се случувал чин на самоубиство. Отворајќи ги овие прашања веќе во првата сцена, во која станува збор за познатото херојско масовно самоубиство што го извршиле Јудејците опколени во легендарната тврдина Масада, така што никој жив не паднал во рацете на Римјаните, драмата започнува со рецитирање на антички трагедии, а продолжува со тривијализирање на концептот на античкото возвишено. Следи сцена на масовно самоубиство на чета комити од македонската историја, при што сите освен еден се самоубиле за да не паднат живи во рацете на Османлиите. Наредната сцена е колективно самоубиство на Адолф Хитлер, Ева Браун и неговите најблиски соработници.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани