Што се случува во Скопје?

понеделник, 19 октомври 2026

  • Пред цветната круна, силните бои и препознатливиот лик да станат светски симбол, постоела една жена која одбивала да му се предаде на животот. „Фрида“, за првпат на македонската театарска сцена, ја носи приказната за Фрида Кало зад портретите и легендата: жена со нескротлив дух, тело обележано со болка и огромна глад да сака, да создава и да живее. Една несреќа засекогаш го менува нејзиното тело, но токму од таа скршеност се раѓа уметницата. Креветот станува ателје, огледалото станува свет, а болката добива боја. Фрида го слика она што најдобро го познава: сопственото тело, своите рани, своите желби, своите загуби. Не за да побегне од животот, туку за да му се спротивстави. А во средиштето на животот на Фрида Кало е мексиканскиот сликар Диего Ривера. Големиот уметник, љубовник, сопатник, противник и нејзината најголема слабост. Нивната љубов е нежност и суровост, страст и предавство, разделување и непрестајно враќање еден кон друг.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · КарпошНасокиПовеќе инфоdramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани