Што се случува во Скопје?

четврток, 29 октомври 2026

  • Театарската претстава „Умри машки“ – комедија според текстот „Не беше петта, беше деветта“ – во режија на Адмир Гламочак, всушност, е приказна за љубовниот триаголник меѓу Ева, Марио и Бруно, раскажана низ мноштво духовити ситуации кои публиката, а понекогаш и самите актери, ги оставаат без здив од смеење. Текстот го напиша Алдо Николај, а на сцената веќе 34 години брилираат Адмир Гламочак, Татјана Шојиќ и Сенад Башиќ, а од неодамна и Ермин Браво, кој го замени Сенад Башиќ. Претставата настанала во далечната 1990 година како дипломска претстава на Татјана Шојиќ и оттогаш не престанува да ја полни салата на Камерни театар 55. Досега е изведена повеќе од 550 пати, со што стана **најизведуваната босанскохерцеговска претстава на сите времиња. АКТЕРСКА ЕКИПА ЕВА – Татјана Шојиќ МАРИО – Ермин Браво БРУНО – Адмир Гламочак АВТОРСКИ ТИМ

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · КарпошНасоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани