Една забранета желба во свет во кој честа не простува. Во „Федра“ на Жан Расин, во режија на Дино Мустафиќ, страста се судира со должноста, личната потреба со моралот, а она што морало да остане скриено почнува да го руши целиот поредок. Ослободена од дистанцата на митот, Федра станува современа жена, осамена и растргната меѓу љубовта што ја посакува и светот што бара од неа да ја потисне. Во центарот е Јелена Жугиќ во улогата Федра, со Дејан Лилиќ како Тезеј и силен актерски ансамбл што Расиновата трагедија стара три и пол века ја претвора во непосредно и жестоко соочување со желбата, вината и цената на забранетото.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум