Што се случува во Скопје?

четврток, 12 ноември 2026

  • Во кралството Срцелија владее Црвената Кралица и, според сите официјални податоци, таму сè е прекрасно. Никој не се буни, никој не прашува, а ако некој случајно помисли нешто поинаку – брзо ќе му помине. Над кралството демнее Црвената Месечина и едно старо пророштво: на својот четириесетти роденден, Алиса мора да го наследи престолот – или Срцелија ќе пропадне. А пророштвата, како што е познато, не се доведуваат во прашање. Но Алиса има една чудна навика: постојано прашува „зошто?“, како тоа да е најважното прашање на светот. Нејзиното одбивање да се вклопи во однапред зададените правила ги буди оние што кралскиот збор одамна ги убедил дека се бескорисни и ги прогласил за непослушници. И тогаш почнува бунтот. Оние што предолго молчеле, повторно го наоѓаат својот глас. Но колку е краток патот од отпор до нова форма на послушност? Ќе ги изеде ли револуцијата своите деца?

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани