„Гидионовиот јазол“ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник. Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Дипломира на Универзитетот „ДеПаул“ (DePaul University) во Чикаго, магистрира на Факултетот „Хунтер“ (Hunter College) во Њујорк.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум