Што се случува во Скопје?

вторник, 27 октомври 2026

  • Монодрамата „Земја на волците“ е авторски текст на Тонка Мршиќ и Гала Николиќ. Жанровски, наликува на црна комедија со елементи на апсурд, а настана од потребата да се запрашаме што значи да се биде жена во мала заедница како Лика? Што значи да се биде жена во Хрватска? Претставата се занимава со општествените норми, пред сè на Лика или на која било друга мала заедница, кои влијаат врз судбините на три Личанки во различни животни периоди. Преку три различни карактери, авторките зборуваат за нашето патријархално општество, традиционализмот, положбата на жената во бракот, изборот, осаменоста, последиците од војната и неможноста поединецот да излезе од прангите на реченицата: „А што ќе речат луѓето?“ Претставата е проткаена со автобиографски елементи. ЗА АВТОРКИТЕ „Земја на волците“, својата дебитантска монодрама, ја изведува Тонка Мршиќ, по потекло од Госпиќ, место во Лика, Хрватска.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани