Што се случува во Скопје?

понеделник, 26 октомври 2026

  • Исповед на хероината на српските ослободителни војни, Милунка Савиќ, во интерпретација на актерката на Југословенско драмско позориште – Весна Станковиќ. Лична исповед во прво лице на жената воин, за животот и смртта, војната, Србија и нејзината историја, од перспектива на жена борец која добила бројни и највисоки одликувања (Орден за храброст, Караѓорѓева ѕвезда со мечеви, медал „Милош Обилиќ“, единствената жена во светот одликувана со Францускиот воен крст со палма, два ордена на Легијата на честа…). Приказната започнува од нејзините младешки години, кои ги поминува во селото Копривница на планината Копаоник, со двете сестри, родителите и болежливиот брат. Целиот живот има изразена потреба да ги заштитува слабите и загрозените, па затоа во Првата балканска војна заминува на фронтот наместо нејзиниот брат, преправена во маж, под името Милун Савиќ. Бестрашна во секоја борба, најпозната како бомбаш, бидува ранета и нејзината тајна е откриена.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани