Што се случува во Скопје?

петок, 20 ноември 2026

  • „Куршуми над Бродвеј“, или приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената, е драматуршка обработка и адаптација на Ненад Витанов на познатиот филм „Куршуми над Бродвеј“, напишан од генијалниот Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран во седум категории за наградата „Оскар“, меѓу кои и за најдобро сценарио. Огромниот успех на филмот во киносалите беше инспиративен за создавање и неколку адаптации за театар, од кои некои дури ја надминаа популарноста на оригиналното дело. Карактеристично за делата на Вуди Ален е тоа што преку забава ја доведуваат комедијата до најдлабоките филозофски теми. Често, низ призмата на иронијата и цинизмот, помешани со автобиографската невроза, Вуди Ален го пласира сопственото гледиште на одредени теми. Оваа пиеса го истражува моралот на еден млад уметник, инспириран од ничеанскиот морал, каде што волјата за создавање уметничко дело не признава компромиси и конвенционални ограничувања.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани