Што се случува во Скопје?

среда, 30 септември 2026

  • „Џеки“ е монодрама произлезена од претставата „Драми на принцезите“ на Елфриде Јелинек, во која Трајанка Илиева-Вељиќ ја игра Џеки Оназис – сопругата на 35-тиот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · КарпошНасокиПовеќе инфоdramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани