Што се случува во Скопје?

петок, 06 ноември 2026

  • „Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската фарса — во режија и адаптација на хит-мејкерот Синиша Евтимов. Еден мал сомнеж, една љубовна несигурност и една болва што ќе се всели во умот, се доволни да го распламтат тркалото на недоразбирањата. Од тој момент натаму, сè се движи со брзина на светлината: погрешни врати, погрешни соби, вистински љубовници во погрешно време и погрешни луѓе на погрешни места. А секој обид да се поправи ситуацијата — ја прави уште полоша. Оваа претстава е експлозија на енергија, страст и комика. Ќе видите ликови кои трчаат, паѓаат, се кријат, се бакнуваат, се расправаат — и сето тоа со совршено темпирање што ја носи фарсата до апсолутно лудило. „Болва в уво“ е театарска фешта од која нема да сакате да си заминете: смеа до солзи, ситуации од кои не постои излез, и неочекувани пресврти кои ќе ве фатат неподготвени.

    ЛОКАЦИЈА: Драмски театар · Карпош 2Насоки ↗Повеќе инфо ↗dramski.mk
    Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум

← Сите настани