- 12:20Сала 5 Telekom2D
Комедија, Авантура, Семеен · 1ч 56мин · ориг. „Moana“. Во главната улога на храбрата морепловка Ваијана се појавува Кетрин Лагааја, додека Двејн Џонсон се враќа во улогата на харизматичниот и пргав полубог Мауи. Публиката ја очекува спектакуларна авантура што го оживува магичниот остров Мотонуи и неговите несекојдневни жители, како и бројните впечатливи ликови како што се воинствените, но симпатични Какамори. Ваијана ќе го послуша повикот на океанот и за првпат ќе заплови подалеку од коралниот гребен на својот дом, па ќе тргне на епско патување за да му ја врати благосостојбата на својот народ. Играната Ваијана ни носи раскошни сцени, силни емоции и незаборавни песни во новото и величествено филмско искуство.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум