Овој настан веќе помина.
- 18:50Сала 3 Божиновски часовни2D
Драма · 1ч 47мин · ориг. „Čuvar ikone svetog Đorđa“. Дејството на филмот „Чуварот на иконата на Свети Ѓорѓи“ е сместено во актуелниот момент и на југот на Србија, а го следи селанецот Станоје кој одбива да ја напушти својата прадедовска земја на падините на планината Радан. Додека се грижи за болниот татко, Станоје го прогонува банда што го заплашува и се обидува да го натера да го продаде своето домаќинство. По трагичната ноќ во која по грешка убива мечка која е под заштита на државата, Станоје одеднаш станува одметник, прогонет од истиот систем што него не успева да го заштити. Гонет и од разбојниците и од полицијата, приморан е да се соочи со невозможен избор - да се предаде или да преживее. Само младата полициска инспекторка Соња почнува да разбира дека вистинска жртва на злоупотребите, насилството и корупцијата е токму Станоје.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум