- 20:20Сала 4 Комерцијална банка2D
Комедија, Драма, Мистерија · 1ч 54мин. „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е сатиричен нео-ноар политички трилер, со мрачен хумор, сместен во општество што скапува од псевдодемократија, купени вистини и послушност од страв. Кога компромитирачка снимка што може да урне цел режим ќе заврши во рацете на ситниот криминалец Деки, започнува опасна трговија со вистината. Новинарот Бодан ја купува снимката, но наместо да ја објави, тргнува на пат кон мистериозен човек од сенка на власта. По пат му се вкрстуваат патиштата со новинарката Софија, која има свои причини да го урне режимот, но и со луѓе што би направиле сè вистината да остане закопана. Следуваат уцени, предавства, насилство и апсурдни ситуации во кои никој не е баш невин, а речиси секој има своја цена. Низ низа неочекувани пресврти, филмот ја разголува корупцијата, лицемерието и едно општество во кое вистината е стока, правдата е луксуз, а најстрашните работи понекогаш се и најсмешни.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум