Овој настан веќе помина.
- 20:00Сала 5 Telekom2D
Комедија, Драма, Мјузикл · 2ч 8мин · ориг. „La La Land“. Емотивниот музички спектакл исполнет со емоции, награден со 6 Оскари и 7 Златни глобуси, повторно на големите кино-платна. „La La Land“ е модерна љубовна приказна мајсторски создадена како ода на гламурот и емоциите од филмските класици. Приказна за средбата на младо момче и девојка и нивната желба да успеат во градот на славните – џез-пијанист и амбициозна актерка кои ги отфрлаат секојдневните навики и тргнуваат на танцово и музичко патување, впуштајќи се во љубовна врска која ќе им ги промени животите. Филмот започнува таму каде што обично започнува сè во Лос Анџелес... на улица. Таму Себастијан ја среќава Миа, во сообраќаен метеж проследен со иритирачко свирење на автомобилите, кое го симболизира хаосот во нивните животи.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум