Од лирскиот звук на класичната гитара до енергичните рок ритми втората фестивалска вечер на Музика од светот ќе донесе два различни музички света, поврзани преку слободата на изразот и спојувањето на жанровите. Вечерта ќе ја отвори Јован Милошевски, македонски гитарист и композитор кој ни доаѓа од Шпанија. Неговата музика ја поврзува класичната гитара со балканските мелодии и современиот музички израз. Преку сопствени аранжмани на традиционални песни, Милошевски им дава нова боја на познатите напеви, зачувувајќи ја нивната изворна емоција. Нежните, лирски мелодии се преплетуваат со разиграни балкански ритми и влијанија од џезот и рокот. По него, сцената ќе ја преземе битолската група КОД 369, формирана во 2020 година. Со препознатлива рок основа, збогатена со фанк, џез и класични инструментални елементи, бендот создава звук што се движи меѓу алтернативниот рок и современата поп и рок музика.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум