Trio Mandili ја носат Грузија во својата музика во нежните вокални хармонии, звукот на традиционалниот инструмент пандури и песните што спонтано се претвораат во мелодија што сакате повторно да ја слушнете. Нивните изведби, често сместени во прекрасните грузиски предели, ја освојуваат публиката со автентичност, топлина и шарм што не бараат превод. На 30 ноември, Trio Mandili доаѓаат во Битола, во рамките на 18. Фестивал на музика од светот.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум