Амира Медуњанин е една од најпрепознатливите интерпретаторки на босанската севдалинка, традиционалната музичко-поетска форма исполнета со љубов, копнеж и силна емоција. Со својот специфичен вокален израз, таа на вековната традиција ѝ дава современа интерпретација, зачувувајќи ја суштината на севдахот. Нејзината музика ја однесе на престижни концертни сцени и фестивали низ Европа и светот, каде што босанската музичка традиција ја претставува пред меѓународната публика. Концертот на Амира Медуњанин во Битола е дел од 18. издание на Фестивалот на музика од светот, фестивал кој низ годините во Центарот за култура Битола носи различни музички традиции, автори и интерпретатори од целиот свет.
Скрол: север/југ · Shift: запад/исток · Ctrl/⌘: зум