Избери јазик · Choose language
Последна промена: 14 август 2026
Организираш настани редовно? Поврзи ја твојата апликација или сајт директно со таблата: ти доделуваме личен токен, а сè што ќе објавиш со него носи значка со твоето име.
Пиши ни директно на Инстаграм @happensmk — ти враќаме личен токен и го договараме името на значката.
Токенот е личен — не го објавувај во јавен код и не го споделувај. Ако протече, пиши ни и веднаш издаваме нов.
Секој настан објавен со твојот токен носи значка со твоето име на таблата — како значката „Instagram“ кај собраните објави, само твоја. Посетителите гледаат дека настанот доаѓа директно од организаторот.
Настанот излегува на таблата штом ќе го испратиш — токенот е довербата, не чекаш одобрување. Измените одат исто така директно: час, цена и состав се менуваат во истиот момент.
GET на ендпоинтот го враќа статусот на секој твој настан (published, а pending и rejected ако сме ти го вклучиле прегледот). Ако нешто не е во ред со објава, можеме да ја тргнеме од таблата или да ти го вклучиме прегледот — тогаш новите настани чекаат одобрување, а одговорот кажува колку (pendingReview).
Еден POST со JSON — токенот оди во Authorization заглавието:
curl -X POST https://happens.mk/api/skopje/ingest \
-H "Authorization: Bearer ТВОЈ_ТОКЕН" \
-H "Content-Type: application/json" \
-d @nastan.jsonТри полиња се задолжителни, сè друго е опционално:
{
"events": [{
"venue": "МКЦ",
"date": "2026-09-05",
"title": "Ringtones LIVE",
"start_time": "21:00",
"category": "muzika",
"price_den": 300,
"source_url": "https://karti.com.mk/…"
}]
}Фестивалски ден, вечер со неколку изведувачи, распоред на проекции: тоа е еден настан на таблата, а програмата е она во што се отвора неговиот ред. Напиши ја како што е испечатена — една секција за секое нешто што се случува, по ред.
time стои само таму каде што има испечатен час, во 24-часовен формат; сетот по полноќ, што плакатите го пишуваат „24:00“, тука е 00:00. Втората точка од истиот блок нема свој час, па останува без него — подобро отколку да се повтори или измисли. items се помалите редови под секцијата (режисер и година, составот на бендот), а duration е траењето („92'“). label е твојот збор за програмата („Проекции“, „Line-up“); без него пишува „Програма“.
Програмата е она што се случува во еден ден на едно место. Фестивал од четири вечери значи четири настани, секој со својата програма — не една картичка со сè.
Описот тогаш кажува што е вечерта; програмата кажува што свири. Не повторувај ја едната во другата.
{
"events": [{
"venue": "МКЦ",
"date": "2026-09-05",
"title": "Фестивал на импровизација — прва вечер",
"start_time": "20:00",
"program": {
"label": "Line-up",
"sections": [
{
"time": "20:00",
"title": "Име на бендот (MK)",
"items": [{ "title": "гитара, бас и електроника" }]
},
{ "title": "Втор состав (SI)" },
{ "time": "00:00", "title": "Доцен сет — DJ име" }
]
}
}]
}PATCH на истиот ендпоинт менува веќе објавен настан. venue и date го посочуваат настанот, а се менува само она што ќе го наведеш — останатото си останува. null брише опционално поле (на пр. цената).
Изменувањето никогаш не троши од дневниот лимит. Ако настанот не постои, одговорот го враќа под missing — не создава нов.
Промена на местото или датумот значи нов настан: избриши го стариот и објави нов (така работи и ♥ бројачот).
curl -X PATCH https://happens.mk/api/skopje/ingest \
-H "Authorization: Bearer ТВОЈ_ТОКЕН" \
-H "Content-Type: application/json" \
-d '{"events": [{"venue": "МКЦ", "date": "2026-09-05", "start_time": "22:00", "price_den": 350}]}'Најмногу 30 нови настани дневно, и најмногу 2 твои настани на ист датум — цела сезона одеднаш е во ред, преземање на една вечер не е.
Одговорот на секој POST кажува што е примено, зошто нешто е прескокнато (skipped) и колку нови ти остануваат денес (remainingToday). Двата лимита се креваат поединечно — пиши ни ако ти треба повеќе.
Еден запис по место и датум: повторен POST за истиот слот го заменува претходниот, исто како PATCH, и не троши од лимитот.
Минати настани не се примаат; напред важи до една година. Туѓи записи (на скрејперот или друг организатор) не можеш да ги презапишеш — ако се судрите, пиши ни.
DELETE на истиот ендпоинт ги трга твоите записи — по место и датум:
curl -X DELETE https://happens.mk/api/skopje/ingest \
-H "Authorization: Bearer ТВОЈ_ТОКЕН" \
-H "Content-Type: application/json" \
-d '{"slots": [{"venue": "МКЦ", "date": "2026-09-05"}]}'За еден настан не ти треба API — пополни ја формата и оди на преглед. За сè друго, пиши ни на Инстаграм.